×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Lindt

Koга станува збор за Линд чоколадите, зборуваме за страст родена пред повеќе од 170 години. Слаткарот Дaвид Спрунгли-Шварц и неговиот син Рудолф поседувале мала слаткарница во Цирих и биле првите кои произвеле чоколадо во цврста форма. Оттогаш, неповторливиот вкус на чоколадата Линд раскажува приказна која значи традиција, страст и квалитет.

1847 година, првата фабрика:

Во 1847 година Шварц ја отвора првата фабрика Шлејфетобел во Хорген, и оттогаш неговиот успех станува незапрлив. Со отварањето на фабриката, мирисот на чоколадо го опива целиот град.

1879 година:

Успехот на Линд е во пронаоѓањето на техника наречена „конширање (conching)“. Целата чоколадна смеса се наоѓа во еден огромен сад и таа постојано се меша. Миксерот има дел кој истовремено ја „мазни“ или ја „полира“ површината на смесата. Овој дел се нарекува „conche“, a оттаму доаѓа и името на самиот процес на „конширање (conching)“. Процесот на постојано или продолжено мешање го подобрува вкусот преку ослободување на топлината од самото триење, понатаму се ослободуваат киселините и другите состојки што испаруваат. Името доаѓа од обликот на садовите што некогаш се користеле, а потсетувале на школки (conch).

Целата „тајна“ се состои во постојаното мешање. Со комбинирање на путер, какао паста и млеко во прав и употреба на техниката на „конширање“, Линд создава „чоколадо што се топи“, толку фино и толку интензивнo… невозможно да му се одолее. Ова е почетокот на чоколадната револуција. Техниката ја користат до ден денешен сите произведители на чоколадо низ светот.