×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Кувет

Ние претендираме нашите производи да се сертифицирани како органски, но и како производи со строго контролирано географско потекло. Поради тоа имаме сопствено прозводство на суровина и свои кооперанти. Насадите се влезени во постапка за органска сертификација. Калинката е органски производ, кој не се третира ниту со пестициди, хербициди, инсектициди, ниту со други хемиски средства.

Нашите производи се без конзерванси, без додадени шеќери, бои и адитиви, произведени по пат на чисти природни процеси на производство зачинети со многу љубов.

Сместени сме во југоисточниот агол на прекрасната македонска земја, во Валандово – органската бавча на Балканот, каде што симбиозата на медитеранот и континентот навистина се потрудиле да го дадат најдоброто од себе, раскажува Ристе Гошевски.