×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Миланов

Се започна со љубовта кон медитеранските вкусови и желбата за експериментирање со зачините. Како резултат на ова пред неколку години се родија и првите производи на Миланов, кои се карактеризираат со автентичен медитерански вкус. Миланов функционира како мала семејна компанија, која работи со голема посветеност во создавањето на вкусовите. Сѐ што гледате од палетата производи е создадено рачно и со многу љубов. Во оваа работилница за храна не постои сериско, ниту индустриско производство. Но, тоа што е најважно е дека овие занаетчии на вкусови, создаваат сѐ на база на природни состојки, не користат дехидратори или други вештачки супстанци.

Производите од Миланов можат да се консумираат на најразлични начини и од нив се прават многу интересни комбинации. Наше е да го понудиме најдоброто, а ваше е да уживате во вкусовите.