Riseria Campanini
Традиција на добар ориз повеќе од три генерации.
Веќе три генерации, Кампанини внимателно го избира најдобриот ориз од традиционалните италијански оризови полиња.
Кампанини уште во пoчетоците усвојува посебни начини за складирање на оризот, поради што се издвојува од останатите производители во секторот: непреработен во лушпа се складира во мали силоси кои овозможуваат оризот од различните одгледувачи да се преработува одделно. На овој начин се гарантира доследноста на финалниот производ, а се знае и неговото потекло.
Обработката се одвива на стариот традиционален начин без употреба на хемиски процеси, но со најсовремени контроли, во целосна согласност со HACCP системот за производство на храна, со гаранција за природен и безбеден производ со сочувани органолептички особини.
Квалитетот на производите на Кампанини секојдневно го оценуваат нашите потрошувачи, а периодично и национални и меѓународни институти за контрола на храна.