Molino Grassi
Молино Граси е создадена во 1934 година како преработувач на пченица во производ за пекарство. Во 60-тите години смејството Граси ја отвора првата линија на производсство во Северна Италија, за преработка на тврда пченица во семола (гриз).
Во ’90 години семејството Граси, меѓу првите ја осознаваат важноста на органското земјоделство, отворајќи се кон нови пазари и стабилна соработка со интернационални брендови. Оттогаш користат само најдобри суровини за подготовка на производи со висок квалитет и хранливи вредности.
Создадени се брашна во кои се преточени традицијата и територијалните обележја.
Денес Молино Граси е водена од четвртата генерација на фамилијата. Компанијата е лидер на пазарот во иновација на производите и сортите пченица. Овој фокус ги вклучува и сите земјоделци одгледувачи на пченица, кои заедно со Молино Граси создаваат пoкраток синџир на производство, со подобра соработка.