×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Sardanelli

Приказната за Интертоно започнува во 1984 година, од некогашната фамилијарна компанија на семејството Сарданели, чие постоење може да се документира од 1817 година. Долгогодишната преработка на туна тогаш претставува примарен економски ресурс за територијата, за што сведочат старите рибарски мрежи во крајбрежјето на Калабрија. Компанијата претставува еден од најважните примери за развој во секторот и е длабоко навлезена во општествен контекст: oд една страна е во однос и со институциите, надзорните тела и банките, а од друга страна ги помага културните и спортските здруженија, хуманитарните организации, а промовира и културни и кинематографски настани. Компанијата произведува и продава туна и други производи од риба во конзерва и во стакло. Интертоно е компанија богата со традиција и со историја, компанија која се издвојува на пазарот поради можноста да ја одржи и развие некогашната традиција на ловење туна на старите рибари, за грижата при изборот на туна со најдобар квалитетет, за техниките на преработка, што и овозможува да понуди на пазарот природен производ со вистински и со оригинален вкус.