×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Gualerzi

Уште од 1924 година, ЧЕТИРИ ГЕНЕРАЦИИ СТРАСТ, КВАЛИТЕТ И ТРАДИЦИЈА.

Во Лангирано, легендарно место за италијанска шунка и пршута, семејството Гуалерци произведува салама типична за гастрономската култура во Парма уште од 1924 година, како што се Прoшуто ди Парма DOP*, Саламе Фелино IGP**, Копа ди Парма IGP**, СтролгиноПанчетаФиоко и Кулатело.

Пренесувањето на знаењето и искуството од генерација на генерација, како и постојаната посветеност на истражување и подобрување на квалитетот, доведе овој семеен бизнис да биде денес реалност што ја поврзува традиционалната изработка со технологијата на обработка. Авангарда, способна за брз одговор на предизвиците на модерната дистрибуција.

За да добие производи со одличен квалитет, семејството Гуалерци се фокусира на избор и процена на доставувачите и пред сѐ на суровини, на постојана контрола на хемиските и бактериолошките параметри на производите што се преработуваат, како и на страста што секојдневно изнудува континуирани подобрувања и иновации.

Тимот е постојано посветен на осигурувањето дека името Гуалерци е тесно поврзано со квалитетот, автентичноста и традицијата.

 * DOP (it. Denominazione di origine protetta) – ознака за заштитено потекло.

** IGP (it. Indicazione geografica protetta) – заштитена географска ознака.