×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Безглутенски колачи со какао и чиа

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 97 ден.

Интолерантноста на глутен, претставува неможност за варење на глутенот. Глутенот пак е материја која најчесто се наоѓа во житата, како што е пченицата, ‘ржта и јачменот, но покрај житата го има и во тестенините, сосовите и многу други додатоци на исхраната. Статистиката во светот покажува дека повеќе од 15 % од популацијата е интолерантна на глутен, затоа и постојат голем број на продукти коишто се создадени токму за оние кои се алергични на оваа состојка. Во нашиот случај, тоа се безглутенските колачи со какао и чиа кои се погодни за оние кои имаат проблем со глутенот.

Безглутенските колачи со какао и чиа, покрај тоа што се погодни за консумација од страна на интолерантните на глутен, тие се исто така богати со голем број на хранливи состојки и минерали. Пред сѐ, зборуваме за железото кое е застапено во какаото, но и за чијата која е храна богата со растителни влакна, која го забавува апсорбирањето на хранта, при што создава чувство на ситост, кое трае подолго време, уште една причина плус за да уживате во овие колачи.

Наименување Безглутенски колачи со какао и чиа
Состојки Оризово брашно, кокосово нерафинирано масло, кафен шеќер, какао во прав, експандирано просо, чиа семе (5%), ванила, хималајска сол, пекарска сода
Тежина: 100 гр
Земја на потекло: Македонија
Пакување: Пластика
Начин на чување Да се чува на ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 470 kJ / 1966 kcal
Масти 22 гр
од кои заситени 4 гр
Јаглехидрати 55 гр
од кои шеќери 14 гр
Протеини 5 гр
Влакна 6 гр
Сол: 0,4 гр
Одлично во комбинација со: