×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органски безглутенски сиров десерт со индиски орев и какао

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 164 ден.

Безглутенскиот сиров десерт со индиски орев и какао е погоден за сите оние кои се интолерантни на глутен, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во здрав и вкусен десерт. Оваа привлечна ужина е органски сертифицирана, што значи дека сите состојки во неа се природни и важно е да се напомене дека и сите суровини од кои е направена се добиени со температурна обработка од максимум 45 ⁰С.

Главна состојка во овој десерт е индискиот орев кој е богат хранлив извор на низа значајни нутриенти, но и состојки кои според некои истражувања го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го негуваат нервниот систем. Додека пак какаото како втора главна состојка, важи за силен антиоксиданс, кој ги апсорбира слободните радикали (кои доаѓаат од токсините во нашето опкружување), при што ги намалуваат шансите за малигни заболувања.

Наименување Органски Безглутенски сиров десерт со индиски орев и какао
Состојки *Индиски орев (18%), *бадем, *урма, *суво грозје, *овесни снегулки без глутен, *кокос, *сиров агаве сируп, *какао во прав (4%), *цимет, *каранфилче, хималајска сол. *од органско потекло
Тежина: 80 гр
Земја на потекло ЕУ / Вон ЕУ
Пакување Картонска кутија
Начин на чување Ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 482 kcal / 2016 kJ
Масти 17 гр
од кои заситени 5 гр
Јаглехидрати 50 гр
од кои шеќери 19 гр
Протеини: 11 гр
Влакна: 10 гр
Сол 0,05 гр
Алергени Содржи јаткасти плодови
Одлично во комбинација со: