×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Сет - Шампон и гел за туш. од невен и крема од невен за под. на пелени

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 769 ден.

Одличен сет за вашето бебе, и одличен подарок за вашите пријатели.

Кремата од невен  за подрачјето на пелените е одлична превенција од настанување пеленски осип. Ја смирува и негува иритираната кожа и црвенилото во пеленската регија, веднаш по  нанесувањето. Невенот делува антиинфламаторно во комбинација со камилица, масло од сладок бадем и сончогледово масло. Содржи цинк оксид и спречува влажност на кожата. Без вештачки бои, мириси, конзерванси и состојки од минерално масло. Дерматолошки тестирана и сертифицирана нега и кај најчувствителната кожа.

2 во 1 гел за коса и тело од невен. Го одржува заштитниот слој на кожата, маслото од сусам и бадем штитат од исушување и ја прават косата свиленкаста и лесна за чешлање. При контакт со очите не солзи, не иритира и не пече. Нема вештачки мириси, бои и конзерванси. Дерматолошки тестирана и сертифицирана природна и органска нега и кај најчувствителната кожа. Нежно ја чисти косата и кожата без исушување.

Наименување Сет - Шампон и гел за туш. од невен и крема од невен за под. на пелени
Земја на потекло Швајцарија
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Начин на чување: Да се чува на суво и темно место