Крем за чистење
Во кошничка имате 0 парчиња.
Кремот за чистење не содржи тензиди, длабински ги чисти порите, има нежно ексфолијантно дејство, зајакнува и освежува, ревитализира и овозможува чист тен. Содржи мелен сладок бадем, масло од бадем, масло од пченични никулци и лековити билки кои нежно чистат воедно негувајќи ја кожата.
За сите типови на кожа.
Употреба: Користете го кремот за чистење два пати дневно, наутро (за да ги отстраните метаболитите излачени во текот на ноќта) и навечер после чистење со Млекото за чистење:
1. Навлажнете го лицето со топла вода (кај сува кожа со млака вода) која ќе ги отвори порите и ќе ја омекне кожата. Вклучете го вратот, деколтето, и ушните ресички.
2. Истиснете на дланката 1 - 1.5 см од кремот за чистење, помешајте со малку вода и протријте помеѓу дланките за да добиете кремаста емулзија.
3. Нанесете го кремот за чистење на лицето со нежно втапкување во три фази: чело, образи и брада. Почнете полека да го втапкувате кремот за чистење од челото кон брадата, од средината на лицето кон надвор, применувајќи притисок со дланките за да се создаде вакум ефект и нечистотијата да се извлече на површината. Избегнувајте го подрачјето околу очите. Немојте да ја триете кожата: овој крем не е пилинг! Навлажнете ги дланките и повторете ја постапката. Ако имате мрсна и нечиста кожа оваа постапка се повторува 3 - 5 пати.
4. Исплакнете го лицето темелно со млака вода и на крај завршете со ладна вода.
Наименување |
Крем за чистење
|
Состојки |
Мелен сладок бадем, масло од бадем, масло од пченични никулци и лековити билки
|
Тежина |
50 мл
|
Земја на потекло: |
Германија
|
Рок на траење |
Испечатен на амбалажата
|
Начин на чување: |
Да се чува на суво и темно место
|