×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дневно прочистувачко масло

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 1,150 ден.

Ја балансира мрсната и нечиста кожа

Ја балансира мрсната и нечиста кожа

Прочистувачкото масло и праќа сигнали на кожата да го намали лачењето на себум. Кожата е водена во балансирана состојба и со секојдневна употреба се враќа нејзината природна убавина. Високо квалитетните масла и екстракти ја смируваат и штитат кожата, се намалува прекумерното лачење на себум, се намалуваат воспалителните процеси, се отстрануваат дамките и проширените пори.

За мрсна кожа склона кон неправилности.

Употреба: Кај мрсна кожа без воспалителни процеси нанесете мала количина од маслото (1 - 3 капки) на суво лице и врат, непосредно по чистење и тонизирање. За сите други состојби на мрсна кожа маслото се нанесува на влажна кожа, на која претходно е нанесен Прочистувачки Тоник за лице. Маслото не се нанесува во подрачјето околу очите. За чувствителна комбинирана кожа употребете 1 - 3 капки Прочистувачко масло помешано со Маска за  ревитализација.