×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Фариш органско

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 420 ден.

Произведено со голема доза на љубов, внимателно избрани гроздови и целосна посветеност од страна на семејството Пешкови, виното Фариш е заштитен знак на оваа мала винарија. Тоа е првото органско бело вино и единствено такво на македонскиот пазар.

Уникатноста на Фариш е во тоа што во неговите лозови насади се употребуваат само природни ѓубрива и не се користат пестициди кои се штетни за природата. Резултатот од начинот на неговата подготовка е неговата освежителна арома на зелено јаболко, но и жолта - сламена боја која е привлечна како и неговиот вкус.

Фариш е лесно вино, кое супер оди со свежи зелени салати, печен зеленчук, риба и пилешко месо. Да наздравиме со единственото македонско органско вино – Фариш.  

Наименување Бело вино
Состојки Грозје, смедеревка
Тежина 750 мл
Земја на потекло: Македонија
Пакување Стаклено шише со тапа
Регион Тиквешко виногорје, микролокалитет с. Фариш
Година на производство 2021
Алкохол (%) 13%
Остаток на шеќер 2,6 гр / Л

Слични производи