×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Сурутка во прав 80% протеини

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 210 ден.

Протеините се еден од главните фактори за здраво функционирање на човековото тело. Постојат различни извори од кои ги добиваме овие протеини, но се смета дека протеинот од сурутката е можеби најдобриот и наједноставниот начин за да ги задоволиме секојдневните потреби за протеини. Сурутката во прав од Био Космос, својот протеин го добива од течноста која е исфрлена кога се прави сирењето или кајмакот на врвот на јогуртот. Таа изобилува со минерали (калциум, бакар, цинк, железо, колбат, манган и фосфати), кои се интегрираат во метаболичките процеси и придонесуваат за поквалитетен тонус на ќелиите. 

Сурутката во прав се подготвува многу лесно. Едноставно во една шолја ставете неколку лажички млеко или топла вода, а потоа додадете 2 супени лажички сурутка во прав. Добро промешајте и дополнете ја шолјата со млеко и вкусниот напиток веќе е готов. Вака подготвена, сурутката во прав влијае благотворно на вашите мускули и коски и ќе ви помогне лесно да ги поминете сите предизвици кои ви ги носи секојдневието.

Наименување: Сурутка во прав
Состојки: Cурутка (кравја, козја и овча) (млеко) во прав
Тежина: 100 гр
Земја на потекло: ЕУ
Пакување: Хартиен цилиндер
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Начин на чување Да се чува на: Ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место
Нутритивна вредност во 100 гр
Протеини: 2%
Млечни масти: 8%
Лактоза: 80%
Алергени: Содржи млеко

Слични производи