×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Еколошки повеќенаменски одмастувач со природен Марсејски сапун

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 131 ден.

Сите сакаме чиста кујна, но не секогаш имаме време да бришеме и пребришуваме. Повеќето од производите присутни на полиците во супермаркетите се направени да бидат агресивни за да одговорат на модерниот начин на живот. Winni’s одмастувачот го содржи во себе препознатливиот свеж и класичен мирис на Марсеј сапунот направен само од растителни масла, комбинација од маслиново и ловорово масло. Површинските активни состојки од растително потекло отстрануваат мрсни остатоци од тавчиња, тави, рерни, аспиратори, работни маси и сите останати кујнски површини.

Зошто е добар?

Може да се користи за темелно да се исчистат рамки од прозорци, тапети и механички делови од велосипед, мотори и автомобили, дури и бандажи. Формулиран е на начин да нема штетен ефект врз животната средина, а е подеднакво ефикасен како традиционалните одмастувачи и како таков може да се употреби како претперење за отстранување на флеки на јаки, манжетни, бели флеки на обоени и бели алишта во делот кај пазувите. Активните супстанци од растително потекло во Winni’s одмастувачот се ефикасни против масни наслагии нечистотија и откако ќе ги светнат кујнските површини се ослободуваат во водата целосно разградени, неоствајќи трага во природата. Производот е тестиран за присуство на никел, кобалт и хром (вредност < 0,2 делови на милион), одобрен од Veganok и исполнува SkinEco стандарди.

Начин на користење:

Испрскајте мала количина од производот на површината за чистење на растојание од околу 20 см. Кујна и садови: испрскајте ги површините што треба да се исчистат, оставете производот кратко да делува, па избришете ги со влажна крпа или со сунѓер. Задолжително да се исплакне.

Пред перење на флеки на алишта, јаки, манжетни и флеки од пот: во случај на мрсни флеки, испрскајте директно, оставете кратко да делува, истријте и продолжете со нормално перење. За подобар резултат и за помало загадување, во комбинација користете Winni’s детрегент за потоа да ги исперете алиштата. Чистење на рерна: испрскајте и оставете да дејствува во загреана рерна (од 50 °C до 60 °C) од 5 до 10 минути. Исплакнете.

Механички делови (велосипеди, автомобили, мотоцикли и сл.): испрскајте ги површините за чистење, оставете производот кратко да делува, доколку е потребно истријте со сунѓер или со четка, потоа исплакнете и продолжете со нормално чистење.

Не го користете производот за лексан, плексиглас и слична пластика, дрво, алуминиум или порозни површини. Не го оставајте предолго да стои и не дозволувајте да се исуши.

Добро е да се знае:

Традиционалните одмастувачи се ефикасни за површините, а се штетни за кожата и се потенцијални загадувачи на природата поради присуството на фосфат. Во Winni’s користиме само активни состојки од растително потекло кои чистат масни наслаги и нечистотија, кои се биоразградливи и не се штетни за кожата.

Наименување Еколошки повеќенаменски одмастувач со природен Марсејски сапун со пумпа
Хемиски состав Помалку од 5% фосфонати, нејонски површински активни материи, мирис
Тежина 500 мл
Земја на потекло: Италија
Пакување Пластичен диспензер со пумпа
Рок на траење 4 години од датата на производство

Слични производи