×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Еколошко средство за паркет, подови од дрво и површини од префинети материјали

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 165 ден.

Кога се решавате за видот на под во вашиот дом треба добро да размислите, бидејќи станува збор за еден од основните елементи во домот. Размислувајте за подот на подолг рок. Изборот на паркет може да биде вистинскиот избор, бидејќи тој е синоним за топлина и практичност. За да го исчистите на најдобар начин достапен е WINNI’S за дрвени подови и благородни површини. Наменет за чистење и за дезинфекција на секаков вид под во домот. Со оглед на тоа дека подовите се можеби најголемата површина во домот и дека истите често ги чистиме, важно е средството да не е алергено.  WINNI’S е идеален за оваа намена и токму поради тоа е создаден, ризикот од алергии да го сведе на минимум. Содржи состојки добиени од суровини од растително потекло.

Зошто е добар?

Производот е хипоалерген и е тестиран за присуство на никел, кобалт и хром (вредност < 0,2 делови на милион). Концентриран е, со само еден литар од производот се чисти до 40 пати (доколку чистите еднаш во два дена, ќе трае 3 месеци). На овој начин нудиме економски и еколошко одржлив производ т.е. помалку пластика. Одобрен од Veganok и исполнува SkinEco стандарди.

Начин на употреба:

Разреден во вода: истурете половина капаче (25 ml) во кофа со 5 литри вода и избришете го подот. Не е потребно да плакнете.

Неразреден: Ставете од производот директно на влажна крпа или сунѓер и потоа исплакнете.

Добро е да се знае:

Дали знаете кои видови дрво се користат најмногу за производство на паркет во Европа? Најпопуларен е дабот со 80,6 %. Тропските видови се користат 4 %, јасенот и буката остануваат другите два најчесто избрани видови, со 6,2 % и 2,4 %, соодветно.

Наименување Еколшко средство за паркет, подови од дрво и површини од префинети материјали
Хемиски состав 5 - 15% нејонски површински активни материи. Помалку од 5% сапун, алкохол. Phenoxyethanol, мирис
Тежина 1 л
Земја на потекло: Италија
Пакување Пластично шише
Рок на траење 4 години од датата на производство

Слични производи