×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Еколошки сјај за садови со зелен лимон и цвет од јаболко

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 92 ден.

Покрај добро припремените оброци, убавите и чисти садови даваат комплетна слика за убавите софри, фамилијарни ручеци и собири. Кога станува збор за совршено чисти садови WINNI’S ни ја олеснува работата. Практичен е бидејќи има пумпица за да дозирате колку што ви е потребно.

Зошто е добар?

WINNI’S е два пати повеќе концентриран во споредба со останатите детергенти за садови. Создава цврста и обилна пена за миење на садови, тенџериња, прибор и чаши. Активните супстанци од растително потекло се ефикасни за нечистите садови, но ја чуваат и заштитуваат кожата. Ослободен во водата производот се разградува целосно и брзо без да ја загади природата. За помалку употреба на пластика, може да го дополните со ЕКО рефил пакување од 1000 мл. Тестиран е за присуство на никел, хром и кобалт (вредост ˂ 0,2 делови на милион), одобрен од Veganok и исполнува SkinEco стандарди. Хипоалерген, наменет и за најчувствителната кожа.

Начин на употреба:

За оптимална употреба, доволни се две притискања на пумпицата, околу 2.5 мл растворени дури и во 5 л вода (за поголема количина садови за миење). Може да се користи и нерастворен, директно на сунѓер. Производот е висококонцентриран, така што за помала количина садови, доволно е еднаш да дозирате.

Добро е да се знае:

Повеќето кожни дерматити се предизвикани од тешки метали, парфеми кои содржат алергени и агресивни конзерванси. WINNI’S е тестиран за присуство на никел, кобалт и хром (праг < 0,2 делови на милион), докажан како хипоалерген. Покрај тоа, не содржи конзерванси и затоа е безбеден во директен контакт со кожата.

Тежина 500 мл

Слични производи