×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Кајзерица специјал

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 13 ден.

Кајзерици! Овие вкусни и привлечни мини лепчиња се направени од пченично брашно. Внатрешноста на лепчињата е бела, мека и нежна на вкус, додека пак однадвор имаат грицкава и крцкава кора, која е зачинета со два вида на ленено семе – кафено и златно. Со ваквото семе се добива малку посолен вкус од обичната кајзерица. Инаку лененото семе покрај збогатувањето на вкусот, ни носи и голем број на здравствени бенефити, меѓу кои се и омега 3 масните киселини, што го намалуваат крвниот притисок и го штитат кардиоваскуларниот систем.

Кајзериците се идеални за појадоци, бидејќи од нив многу лесно можете да направите најразлични видови на сендвичи или пак едноставно да ги намачкате со намази, џемови или некои традиционални јадења како ајвар, пинџур или лутеница. Едноставно кажано, добро е да имате кајзерици, бидејќи секогаш ќе им најдете место во вашиот појадок.

Наименување Кајзерица специјал
Состојки ПЧЕНИЧНО брашно, вода, ленено семе, квасец, сол
Тежина: 60 гр
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Алергени Може да содржи траги од јајца, млеко и јаткасти плодови
Одлично во комбинација со:

Слични производи