×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Домашна сланина димена на дрва

Во кошничка имате 0 гр.
  • 599 ден.

Сланината е единствената храна која истовремено е солена и слатка, вкусови кои совршено се претопуваат и ја прават неодоливо вкусна. Покрај вкусот, сланината е полна со протеини кои лесно не заситуваат, а во неа нема јаглехидрати, што значи дека таа не дебелее. Димената сланина која ние ви ја нудиме е правена по оригинален македонски рецепт. Најпрво таа се става во специјален сад, при што се посолува со јодирана сол. Во овој сад, сланината се остава да одлежи точно 23 дена. При нејзиното зреење, во текот на целиот период таа се дими во специјална соба т.н. димница. Важно е да се напомене дека се дими на дрво од бука, при што го добива својот препознатлив вкус. Откако ќе заврши целиот процес на подготовка, може слободно да почнете со нејзина подготовка, да ја потпржите и да уживате во ова крцкаво задоволство.

Нашето месо е добиено од домашни животни, кои што се одгледувани од македонски сточари, а се пасени на најприродните пасишта во земјата. Тие се внимателно избрани, а нивното производство е строго контролирано и надгледувано. Месото кое ние ви го носиме е секогаш свежо и со врвен квалитет.

Наименување Димена свинска сланина
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиено пакување
Начин на чување Да се чува во фрижидер на темература од 2 - 6 °C и да се конзумира во 2-3 дена
Количина цена на кг
Потекло на месото Вини Фарма - Атанасовски
Одлично во комбинација со:

Слични производи