Бут од свежо јунешко месо
Во кошничка имате 0 гр.
Јунешки бут спаѓа во категоријата на меса кои се малку потврди, но од друга страна тој важи за месо кое не е толку масно. Од него најчесто се прават шницли погодни за печење на скара, но не се исклучува и од готвените јадења, кои сакаме да ни бидат помалку масни, како на пример ѓувечот. Јунешкиот бут е одличен избор и за сите оние кои што се спортски активни, затоа што тоа содржи голем број на протеини кои се одлични за организмот и кои го помагаат растот и развојот на мускулите и мускулната маса.
Една од најважните работи за нашето јунешко месо е што е добиено од млади јунци, пасени на најдобрите пасишта во Македонија и одгледувани од најодговорните сточари во земјава. Тоа е внимателно избрано, а неговото производство е строго контролирано. Месото кое ние ви го носиме е секогаш свежо и со врвен квалитет.
| Наименување |
Бут од свежо јунешко месо
|
| Пакување |
Стиропор и фолија
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на температура од 0 - 4 °C; свеж производ - може да се замрзнува
|
| Количина |
цена на кг
|
| Напомена |
Тежината може да варира + 50 гр / кг.
|