Вистинска наполетанска пица
La Verace Pizza Napoleana (вистинска наполетанска пица) е заштитена со Ознака за типичен производ, кој гарантира дека пицата е припремена според традицијата и со користење на квалитетни италијански состојки.
По печењето пицата е во форма на круг со дијаметар до 35 цм, со округол раб „Cornicione" со висина од 1-2 цм, со тенка кора и воздушеста структура , без меурчиња и со златна боја.
Пицата треба да биде мека, лесно преклоплива, миризлива и со типичен вкус на добро стасан и печен леб помешан со киселкаскиот вкус на доматот и печена моцарела. Сето ова е надополнето од ладно цедено маслиново масло и свеж босилек.
Готово тесто за пица подготвено од вештите раце на пица мајсторот од Matto Napoletano со брашно, вода, квасец,сол... и многу љубов. Ова тесто има левитација од 72 часа и е подготвено со наполетанско традиционално брашно Caputo.
Совети од пица мајсторот:
Тестото оставете го на собна температура минимум 1 час пред подготовка на пицата. Уклучете ја рерната на највисоката температура 40 мин пред печењето на пицата. На овој начин рерната ќе ја достигне највисоката температура рамномерно и ќе биде добро загреана.
1. Наросете малку брашно на површината и поставете го тестото. Со прстите правете нежен притисок од центарот кон надворешноста на тестото за да добиете округла форма со дијаметар од околу 30 цм и кружен раб со висина од околу 1 цм. Поставете го тестото на хартија за печење.
2. Нанесети ги состојките по ваша желба.
4. Заедно со хартијата за печење ставете ја во рерната и печете ја околу 7-8 минути во зависност од моќноста на вашата рерна. Пицата треба да биде со крцкава но мека и воздушеста кора.
Buon apetito!