×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Состојки (со готово тесто) за пица Crudo

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 820 ден.

Вистинска наполетанска пица

La Verace Pizza Napoletana (вистинска наполетанска пица) е заштитена со Ознака за типичен производ, кој гарантира дека пицата е припремена според традицијата и со користење на квалитетни италијански состојки. 

По печењето пицата е во форма на круг со дијаметар до 35 цм, со округол раб „Cornicione" со висина од 1 - 2 цм, со тенка кора и  воздушеста структура , без меурчиња и со златна боја. 

Пицата треба да биде мека, лесно преклоплива, миризлива и со типичен вкус на добро стасан и печен леб помешан со киселкаскиот вкус на доматот и печена моцарела. Сето ова е надополнето од ладно цедено маслиново масло и свеж босилек. 

Што ќе најдете во пакетот намирници?

Готово тесто за пица подготвено од вештите раце на пица мајсторот од Matto Napoletano со брашно, вода, квасец, сол... и многу љубов. Ова тесто има левитација од 72 часа и е подготвено со наполетанско традиционално брашно Caputo.  

Доматно пире од свежи италијански домати Robo, моцарела "Fior di Latte" и сите потребни намирници за подготовка на 3 наполетански пици.

Совети од пица мајсторот: 

Тестото оставете го на собна температура минимум 2 часа пред подготовка на пицата, за да се стопли и биде „релаксирано„ при подготовката и обликувањето. Уклучете ја рерната на највисоката температура 40 мин пред печењето на пицата. Оставете ја во рерната и тавата во која ќе ја печете пицата. На овој начин рерната и тавата ќе ја достигнат највисоката температура рамномерно и ќе бидат добро загреани.

1. Наросете брашно на површината и поставете го тестото. Со прстите правете нежен притисок од центарот кон надворешноста на тестото за да добиете округла форма со дијаметар од околу 30 цм и кружен раб со висина од околу 1 цм. Поставете го тестото на хартија за печење.


2. Нанесете рамномерно 100 гр доматно пире. Доколку сакате можете претходно да го зачините со малку маслиново масло, сол, оригано или босилек.

3. Исецкајте 80 гр моцарела на лентички, притиснете ја за да ја исцедите водата од неа и нанесете ја на пицата.

4. Заедно со хартијата за печење ставете ја во рерната и печете ја околу 7 - 8 минути во зависност од моќноста на вашата рерна. Пицата треба да биде со крцкава но мека и воздушеста кора. 

6. Извадете ја пицата од рерна и ставете 60 гр зреена пршута, изрендајте крупно 30 гр Грана Падано и на крај додадете рукола и малку ладно цедено маслиново масло.

Buon apetito! 

Состојки (со готово тесто) за пица Crudo се состои од:

Наименување Состојки за наполетанска пица
Количина состојки за 3 пици
Начин на чување Готовото тесто треба да се искористи во 48 часа. Да се чува во фрижидер.
Производи во пакетот Готово тесто за пица - 3 топчиња од 280 гр, Моцарела - 2 x 125 гр, Доматно пире Robo - 700 гр, Свинска пршута Fioretto - 180 гр, Грана Падано -130 гр, Рукола - 1 китка.

Слични производи