×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Состојки (со готово тесто) за пица Mortadella

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 750 ден.

Вистинска наполетанска пица

La Verace Pizza Napoletana (вистинска наполетанска пица) е заштитена со Ознака за типичен производ, кој гарантира дека пицата е припремена според традицијата и со користење на квалитетни италијански состојки. 

По печењето пицата е во форма на круг со дијаметар до 35 цм, со округол раб „Cornicione" со висина од 1 - 2 цм, со тенка кора и  воздушеста структура , без меурчиња и со златна боја. 

Пицата треба да биде мека, лесно преклоплива, миризлива и со типичен вкус на добро стасан и печен леб помешан со киселкаскиот вкус на доматот и печена моцарела. Сето ова е надополнето од ладно цедено маслиново масло и свеж босилек. 

Што ќе најдете во пакетот намирници?

Готово тесто за пица подготвено од вештите раце на пица мајсторот од Matto Napoletano со брашно, вода, квасец, сол... и многу љубов. Ова тесто има левитација од 72 часа и е подготвено со наполетанско традиционално брашно Caputo.  

Моцарела "Fior di Latte", мортадела со ф'стаци, песто од сушени домати и сите потребни намирници за подготовка на 3 наполетански пици.

Совети од пица мајсторот: 

Тестото оставете го на собна температура минимум 2 часа пред подготовка на пицата, за да се стопли и биде „релаксирано„ при подготовката и обликувањето. Уклучете ја рерната на највисоката температура 40 мин пред печењето на пицата. Оставете ја во рерната и тавата во која ќе ја печете пицата. На овој начин рерната и тавата ќе ја достигнат највисоката температура рамномерно и ќе бидат добро загреани.

1. Наросете брашно на површината и поставете го тестото. Со прстите правете нежен притисок од центарот кон надворешноста на тестото за да добиете округла форма со дијаметар од околу 30 цм и кружен раб со висина од околу 1 цм. Поставете го тестото на хартија за печење.

2. Промешајте 180 гр павлака со 100 мл јогурт. Нанесете 100 гр од рамномерно на пицата.

3. Исецкајте 80 гр моцарела на лентички, притиснете ја за да ја исцедите водата од неа и нанесете ја на пицата.

4. Заедно со хартијата за печење ставете ја во рерната и печете ја околу 7 - 8 минути во зависност од моќноста на вашата рерна. Пицата треба да биде со крцкава но мека и воздушеста кора. 

6. Извадете ја пицата од рерна и ставете 60 гр мортадела со ф'стак и на неколку места по пола лажичка песто од сушени домати.

Buon apetito! 

Состојки (со готово тесто) за пица Mortadella се состои од:

Наименување Состојки за наполетанска пица
Количина состојки за 3 пици
Начин на чување Готовото тесто треба да се искористи во 48 часа. Да се чува во фрижидер.
Производи во пакетот Готово тесто за пица - 3 топчиња од 280 гр, Моцарела - 3 x 125 гр, Павлака - 180 гр, Јогурт - 1 л, Мортадела - 180 гр, Песто од сушени домати D'Amico - 130 гр.

Слични производи