×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Рижото со вргањ (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 830 ден.

Традиционален специјалитет од италијанската кулинарска традиција кој го има на секоја трпеза во есен и зима. Кремастата и нежна текстура прави контраст на ароматичниот вргањ, кој доколку го имате во сушена варијанта ќе ви овозможи овој рецепт да го припремите преку целата година.

Потребни состојки за 4 порции:

1. 360 гр ориз Карнароли

2.60 гр сушен вргањ

3. 120 гр Грана Падано или Пармезан

4. чешне лук

5.магдонос

6. путер

7. Маслиново масло (може да го нарачате одделно тука)

Постапка:

Во топла загреана вода се вари 15-20 мин сушениот вргањ, потоа вргањот се става на страна а водата се чува. Во тавче се запржува ситно сецканиот лук со маслиново масло, се додава оризот и се пржи 1-2 мин. Полека се додава од водата каде што се вареше вргањот и се меша додавајќи постојано вода околу 15 -18 мин. се додека не се добие посакуваната текстура. Се додаваат 2 големи лазжици путер, сол и бибер. При крај се додаваат печурките, се меша 1 мин, се трга од огин, се додава рендан пармезан и магдонос и се меша уште минута.

Buon appetito :)

Рижото со вргањ (намирници) се состои од:

Слични производи

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се