×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Лингуине ал песто

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 550 ден.

Класика во италијанската кујна, овој специјалитет е карактеристичен за регионот Лигурија. Од таму потекнуваат и сосот Песто Џеновезе и тестенините Лингуине, па доколку сте во посета на Џенова, или посакате ручек во некое ресторанче на брегот на Порто Фино или Чинкве Тере, не заборавајте да пробате токму Лингуине ал Песто.

А доколку сакате да ја го вкусите овој медитерански специјалитет во вашиот дом, ова е едноставен но автентичен рецепт кој со вкусот веднаш ќе ве однесе на прошетка низ Италија :)

Потребни состојки:

1. 500 гр Лингуине

2. 200 гр Грана Падано

3. 10 ореви

4. 3 китки босилек

5. 2 чешниња лук

6. маслиново масло (може одделно да го нарачате тука)


Постапка:

Се блендира босилекот, рендан кашкавал 150 гр, 2 чешниња лук, сол, бибер, 10 ореви и маслиново масло. Треба да се добие хомоген сос со густа структура.

Тестенините се варат околу 9 минути, да бидат Ал Денте.

Во тавче се става маслиново масло, се додаваат тестенините и сосот, се додава пола чаша од водата во која се вареа тестенините и се меша додека стане кремаста структурата. Се додава рендан кашкавал и се декорира со лист босилек.

Buon appetito!


Лингуине ал песто се состои од:

Наименување Намирницуи за подготовка на рецепт Лингуине ал песто
Количина 4 оброци

Слични производи