×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Паста ал Форно (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 860 ден.

Pasta al Forno (паста во фурна) е симбол за начинот на живеење во поголемиот дел од Јужна Италија. Сицилија, Пуља, Калабрија. Неделно утро, децата си играат во двор, а мајките и бабите го спремаат ручекот уште од рано сабајле. Ручеците тука се повод за дружење со целата фамилија, траат цело попладне и изобилуваат со вистински comfort food рецепти. 


Постојат десетици рецепти за Pasta al Forno. Се појавува прв пат во деветтиот век со арапската доминација. Од арапското влијание е наследена традицијата за тави и тимбали, па и оваа Pasta al Forno. 


Што е карактеристично и интересно е дека овој специјалитет се нарекува и “испразни фрижидер” затоа што можеме да ставиме како состојки се што ни останало од неделата. Затоа е и разновидноста на рецептите за овој италијански специјалитет. 


Готвиме со Фичо @gotvimesofico ја направи за нас оваа превкусна варијанта со проволоне, варена пршута, јајце, модар домат и пармезан. 

Тука може да го погледенете видео рецептот:https://www.instagram.com/tv/CV-NFoWFr9W/?utm_medium=copy_link 

Потребни состојки за 5 оброци:

  • 500 гр тестенини Ригатони

  • 400 гр домати пелати

  • 2 модри домати

  • 200 гр варена пршута

  • 200 гр кравји кашкавал 

  • 1 кромид 

  • 1 чешне лук

  • 3 јајца

  • ливчиња босилок

Постапка:

Тестенините се варат 8-9 мин. Се цедат, се полеваат со малку маслиново масло и се оставаат на страна. Се запржува кромидот и лукот заедно додека не добијат стаклест изглед. Се додава сол, домати пелати и 40 мл вода. Се готви околу 2-3 минути, а пелатите се гмечат со вилушка за да се добие структура на сос. Се додаваат модрите домати исецкани на коцкички и се готви уште 5 минути.

Во сад се ставаат тестенините, се додава сосот, варената пршута исецкана на коцкички и се промешува убаво. Во тава се редат пола од тестенините, се додаваат 3 варени јајца исецкани на кругови и се додава остатокот од тестенините. Кашкавалот  се ренда и додава одозгора.

Се пече на 220 степени  додека не се стопи кашкавалот и зарумени површината.

Паста ал Форно (намирници) се состои од:

Наименување Намирници за подготовка на Паста ал Форно
Количина 5 оброци

Слични производи