×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Mulino Bianco

Aко отворите во шпајзот во скоро секој италијански дом, најверојатно ќе најдете пакување (или три) колачиња од Мулино Бјанко. Според прочуениот бренд, Италија консумира повеќе бисквити од САД. Судејќи според нашата навика, крцкавите бисквити ги потопуваме во утринското капучино за појадок и еспресо макијато за попладневна ужина, велат од Мулино Бјанко.

Основан во Емилија-Ромања во 1974 година. Мулино Бјанко е гласот на италијанската традиција споделен низ целиот свет со нивната линија на слатки производи.

Рецептите на пекарницата го преточуваат минатото во сегашноста, како што е прикажано од страна на нејзината истоимена бела воденица. Симболот претставува почит кон италијанското село, рецепти пренесени од бабите, со едноставни и квалитетни состојки. Мулино Бјанко се стреми кон подобар свет преку своите производи. Секоја фаза на производството, од бербата на најважните состојки до пакување со рециклирана хартија, е внимателно контролирана за постигнување на најдобар резултат за секого: земјоделците, животните, вработените и клиентите. Резултатот е колаче чии вкус ги обзема сите.