×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Coca-Cola

Раѓање на освежувањето

Производот, кој на светот му го подари најпрепознатливиот вкус, е роден во Атланта на 8 мај 1886 година. Д-р Џон С. Пембертон е локалниот аптекар кој направил сируп за Coca‑Cola и понудил бокал од новиот производ во аптеката Jacob’s.

По дегустацијата, производот е оценет како „одличен“ и пуштен во продажба на точење по цена од 5 центи за чаша. Со комбинирање на новиот сируп и газирана вода добиен е пијалак којшто истовремено бил „вкусен и освежувачки“ мисла која до ден денес одекнува секојпат кога уживаме во Coca Cola пијалак.

Сметајќи дека „две С одлично ќе изгледаат на реклама“ партнерот и книговодител на д-р Пембертон, Френк М. Робинсон го предложил и испишал со својот уникатен ракопис, денес добро познатиот заштитен знак  „Coca‑Cola“.

Набрзо потоа во весникот The Atlanta Journal  се појавила првата реклама во која жедните граѓани се повикуваат да го пробаат „новиот популарен пијалак на точење“. Во текот на првата година, во просек, се продавале скромни 9 пијалаци дневно.