×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Be Healthy

Приказната започнува 2015 год. во домашната кујна на обично петчлено семејсто без инвестициски капитал, без економски консултанти и индустриски прехрамбени технолози.

Согледувајки ја секојдневната реалност исполнета со болестите на модерното живеење како срцевите и канцерогени заболувања, дијабетис и разни психичките нарушувања, се јави потреба од поголема грижа кон себе и нашето семејство.

Загриженоста беше иницијатор за радикална промена во прво во прехрамбените навики преку создавање мобилна храна која е ослободени од сите вештачки додатоци кои немаат природно потекло а истовремено лесно достапна за конзумирање во ова брзо урбано секојдневие.

Со тоа верувавме и веруваме дака со ваков пристап кон храната и природата ќе успееме да ги смениме сопствените навики а со тоа и навиките на заедницата кон подобро.

Be Healthy овозможува чистата храна да стане лесно достапна во ова ултра модерно и брзо секојдневие. Здравиот спој од чисти нерафинирани состојки ги прави нашите производи потикнувачи на вашите природни инстикти за здрав начин на исхрана.