×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Illy

Illy caffè е основана во 1933 година во Трст од Франческо Или. Денеска е предводена од третата генерација на семејството. 

Компанијата е позната на пет континенти по високиот квалитет и непогрешливиот кадифен вкус на своето кафе, извонредна мешавина составена од девет видови чиста арабика која секој ден радува милиони луѓе во нивните домови, канцеларии, хотели, ресторани и кафулиња. 

Illy има за цел да биде референтен стандард за совршеност и за кафе култура ширум светот. Таа претставува иновативна компанија која нуди најдобри производи и места каде што ќе се уживаат, а благодарение на ова расте и станува лидер во кафе културата.