×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Нашите вредности

ЗАНАЕТЧИИ НА ВКУСОВИ

DOMATO ја има најдобрата селекција на производи од македонските и италијански занаетчии на вкусови или т.н. Artisan производители. Овие деликатеси и вина се уникатни и полни со традиција, произведени со голема љубов и посветеност, а сега ви стојат на располагање и во нашиот онлајн маркет.

ПОТЕКЛО

Потеклото на нашите производи е подеднакво важно како и самите продукти. Нашиот фокус е токму тој, лично ги следиме стотиците производители за да бидеме сигурни во квалитетот и традицијата на тоа што го нудиме.

ОДДРЖЛИВОСТ

Директно ве поврзуваме со свежи и квалитетни продукти од традиционални македонски производители и заедно го поддржуваме опстанокот на малите земјоделски фарми чиј прогрес е од огромно значење за нашата заедница.

СВЕЖИНА

Во зависност од годишното време, се менуваат и нашите производи. Веруваме дека вистински добри се само оние производи кои се создадени во временскиот период во кој виреат, а се одгледани со голема почит кон природата.

АВТЕНТИЧНОСТ

Во DOMATO сакаме да ви овозможиме да ја почувствувате оригиналноста на вкусовите. Затоа нашите производи се автентични за поднебјето од кое што доаѓаат.

ИСКРЕНОСТ

Ние немаме што да криеме. Ние сме млади, неуморни и сакаме да создадеме заедница и место во која купувачот секогаш ќе знае каков продукт стои пред него. Кај нас се знае што е добро и тоа е достапно до вас.

ПРИРОДАТА ПРЕД СЀ

Ние, во Domato, веруваме дека здравјето доаѓа од природата и затоа главниот фокус ни е токму на неа.
Како доказ за нашите залагања е и следната молба до нашите потрошувачи:
Чувајте ја картонската кутија од доставата, здиплете ја и вратете ја при следната нарачка. А, ние ќе го однесеме целиот отпад и амбалажа во центарот за рециклирање.

Истражете ја нашата понуда и пробајте повеќе од 1.000 производи, кои ги избравме само за вас >

НЕМА ПОТРЕБА ДА ЧЕКАТЕ,
ВО ДОМАТО СЕКОГАШ СТЕ ПРВИ ВО РЕДОТ.