×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Стевија рафинирана

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 178 ден.

Доколку сакате да го замените или целосно исфрлите шеќерот од вашата исхрана, тогаш стевијата е одлична алтернатива за вас. Создадена како екстракт од билки таа е 25 пати послатка од рафинираниот шеќер, а супер е што и покрај овој податок во стевијата има нула калории. Екстрактот од стевија покрај во исхраната наоѓа примена и во медицината. Според некои првични студии, таа има влијание во намалување на крвниот притисок, а се препорачува и кај пациенти кои имаат нарушен метаболизам.

Во традиционалната медицина, се користи како природен мелем, кој има антиинфламаторно и антибактериско дејство. Таа важи за засладувач погоден за оние кои што сакаат да ја регулираат својата тежина. Можете да ја употребувате во утринското кафе, како дел од напитоци или десерти, а една кафена лажичка од рафинираната стевија заменува две кафени лажички кристален шеќер.

Се употребува како нискокалоричен засладувач за кафе, напитоци или десерти. Една кафена лажичка рафинирана стевиа заменува две кафени лажички кристален шеќер. Се дозира по вкус. Прекумерна употреба може да има лаксативно дејство.

Наименување Стевија рафинирана
Земја на потекло Франција / Кина
Состојки Малтодекстрин, концентрирана рафинирана стевиа во прав
Тежина: 200 гр
Пакување: Хартиен цилиндер
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 1041 kJ / 249 kcal
Масти: 0 гр
од кои заситени: 0 гр
Јаглехидрати 98 гр
од кои шеќери: 0 гр
Протеини: 0 гр
Сол 0 гр
Влакна 0 гр

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се