×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Копар

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 31 ден.

Копарот е растение кое се користи како зачин и како дел од некои лекови. Уште Старите Римјани сметале дека копaрот има мистериозна и чудесна моќ. Старите Грци го гореле за да добијат ароматично масло од копaр. Гладијаторите често добивале вкусна храна со копaр за да бидат силни и издржливи. Во древниот Вавилон, копaрот служел како лек. Голема популарност копарот добил во текот на 16-тиот век во Фиренца и Болоња за време на Катарина Медичи. Се вели дека копарот бил користен и како составен дел во подготовката на “љубовен напиток“, а исто така и во спречувањето на црна магија.

Свежиот копар има силна, слатка и зачинета арома. Ги подобрува салатите, млечните и мајонезните сосови и сирењата. Се користи при подготовка на кисели краставички и таратор. Тој е погоден за зачинување на риба, јадења од зеленчук (тиквички, свеж компир, боранија, зелка).

Својства и придобивки на копарот:

Копарот е една од најдобрите функционални храни. Во 100 гр копар има само 43 kcal, но нутритивно е на исто рамниште со јаткастите плодови. Тој е богат со витамин А, бета - каротен, витамин Ц, а исто така и со растителни влакна кои помагаат во контролирањето на нивото на холестерол во крвта.

Наименување Копар
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Количина китка

Слични производи