Крцкави мусли со портокал и урми
Во кошничка имате 0 парчиња.
Денот секогаш треба да го започнеме со јадење на здрава и нутритивно богата храна, во спротивно би јаделе непотребни калории и скоро секогаш би чувствувале глад. Крцкавите мусли со портокал и урми се одличен избор за појадок, кои ги задоволуваат основните калорични потреби на човековиот организам, а од друга страна преставуваат здрава утринска навика, благодарение на состојките кои ги имаат.
Една од овие состојки е портокалот, за кој сите знаеме дека изобилува со витаминот Ц, но тоа што не го знаеме е дека во портокалот има изобилство на хесперидин, состојка која што го намалува холестеролот и влијае позитивно на срцето и кардиваскуларниот систем. Другата состојка во овие мусли се урмите, кои пак се богати со протеини и се силен извор на здрава енергија, без притоа да доваат вишок калории во вашата исхрана.
Употреба: Едноствно потопете во сок, јогурт, растително млеко, чај или во вашиот омилен напиток и готови се за употрба. Може да се јадат и директно, без потoпување во некаков напиток, како закуска.
| Наименување |
Крцкави мусли со портокал и урми
|
| Состојки |
Oвесни снегулки (овес), јачменови снегулки (јачмен), бадем, кокос, лен семе, сончоглед, сусам, кокосово масло, јачменов слад (јачмен), сончогледово масло, ванилин шеќер, гликоза, пулпа од портокал (5%) (шеќер, вода, лушпа од портокал, природен згуснувач: CMC Е466, природен вкус), слива, суво грозје, корнфлекс (пченкарно брашно, пченкарен гриз, шеќер, јачменов слад, сол, соин лецитин (соја)) , пченични никулци (пченица), експандиран ориз, паста од урма (5%), сода бикарбона
|
| Тежина: |
300 гр
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Кутија
|
| Начин на чување: |
Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
|
| Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
492,2 kcal
|
| Масти |
22,5 гр
|
| Јаглехидрати |
58,5 гр
|
| Протеини: |
11 гр
|
| Алергени |
Содржи глутен, сусам, соја и јаткасти плодови
|
Одлично во комбинација со:
Во кошничка имате 0 парчиња.
Во кошничка имате 0 парчиња.