×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Крцкави мусли со чоколада и корен од мака

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 125 ден.

Крцкавите мусли со чоколадо и корен од мака, се одлични за сите оние кои што сакаат да го почнат денот со многу енергија. Овој вкусен појадок е лесен и едноставен за подготовка, буквално ќе ви треба само две минути и тој е готов, а што е уште поинтересно, во овие мусли можете да уживате и само како грицки, баш кога ќе ви здосади.

Крцкавите мусли со чоколадо и корен од мака, изобилуваат со железо, благодарејќи на чоколадото. Додека пак коренот од мака е тој кој ја зголемува нивната енергетска вредност и кој ќе ве направи поиздржливи, а од друга страна и ќе го намали стресот кој секојдневно влијае на ослабнување на имунитетот. Нема да згрешите доколку се одлучите да го пробате овој здрав и вкусен производ. 

Употреба: Едноствно потопете во сок, јогурт, растително млеко, чај или во вашиот омилен напиток и готови се за употрба. Може да се јадат и директно, без потoпување во некаков напиток, како закуска.

Наименување Крцкави мусли со чоколада и корен од мака
Состојки Oвесни снегулки (овес), јачменови снегулки (јачмен), бадем, кокос, лен семе, сончоглед, сусам, сода, кокосово масло, сончогледово масло, јачменов слад (јачмен), ванилин шеќер, гликоза, слива, суво грозје, какао путер, чоколадни капки (5%) (шеќер, растителна маст, какао, арома, соин лецитин (соја)), пченични никулци (глутен), корен од мака во прав (1%), експандиран ориз, сода бикарбона
Тежина: 300 гр
Земја на потекло: Македонија
Пакување Кутија
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 493,3 kcal
Масти 21,7 гр
Јаглехидрати 61,5 гр
Протеини 9,6 гр
Алергени Содржи глутен, сусам, соја и јаткасти плодови

Слични производи