×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Грана Падано со заштитена ознака на потекло

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 1,060 ден.
  • 848 ден.

Ова е производ со богата традиција кој со текот на годините станува емблем заради единствните, непогрешливи и неповторливи  карактеристики. Грана Падано значи само овој производ и ниеден друг, познат и ценет во цел свет. Во производството се користи кравјо млеко само од одредена зона пропишана според строгите правила за производство. Во процесот следат додавање на сириштето на што претходи додавање на сурутката и протеини. Времето на зреење ја класифицира Грана Падано во неколку категории: време на зреење од 9 до 16 месеци, преку 16 месеци и зреење преку 20 месеци, а според ова постојат варијации во поглед на еластичноста , бојата , вкусот и употребата. Неопислив е вкусот на ова ремек дело со широка употреба , во секојдневната кујна, послужен самостојно или рендан на најрафинирани предјадења.

Производ со заштитена ознака за потекло, типичен за северот на Италија, заштитен од Конзорциумот за заштита на Грана Падано како единствена марка во светот.

Зошто и како Грана Падано?

Јадењето здраво и добро е важно, затоа што храната е уживање, затоа што секогаш постои соодветна храна за соодветни прилики.

Вечера, предјадење, бранч, ужинка за децата или за секој ден – за здрава и избалансирана исхрана со најквалитетното сирење без лактоза. Она што ја прави разликата во многу прилики е Грана Падано на маса. Со твоите пријатели, во посебни прилики, во безброј рецепти, со зеленчук, со тестенини, со ориз, или послужен самостојно со чаша вино.

Состојки Млеко, сол и сириште
Земја на потекло: Италија
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Начин на чување Да се чува на суво, ладно и темно место
Количина цена на кг
Одлично во комбинација со:

Слични производи