Комбуха со брусница и зелен чај
Во кошничка имате 0 парчиња.
Комбуха, ориентално име, од напиток кој доаѓа од ориенталната Јапонија. Овој здрав пијалак се приготвува од јапонската чајна габа т.н. комбуха. Таа веќе стотици години се користи во Јапонија и на Далечниот Исток. Кога е одгледувана на вистинскиот начин таа ’рти и за време на процесот на ферментација таа создава комплексни реакции, при што произведува вредни супстанци. Оваа фабрика за витамини е богата со сите витамини од Б групата, таа содржи и различни видови ензими, а во неа ја има и глукуронската киселина којашто помага при работата на црниот дроб.
Во комбинација со брусницата и зелениот чај, овој производ ќе ви помогне да го намалите заморот и нервозата, а ќе ве дарува со повеќе енергија за да можете да ги издржите сите предизвици кои ви ги носи денот.
Дозирање: Една до две чаши на ден. Поради подобрен вкус, се служи претходно изладена.
| Наименување |
Комбуха со брусница и зелен чај
|
| Состојки |
Комбуха култура, вода, зелен чај, мешан ароматизиран чај (цвет од хибискус, јаболко, кора од портокал, нане, шипка, арома на брусница (6,5%)), шеќер. Не пастеризиран, сиров напиток. Напитокот има продолжена ферментација во шишето, што може да доведе до благо дуење на шишето и/или формирање на мали парчиња габа кои пред употреба може, но не мора да се процедат. Поради процесот на ферментација, комбухата природно содржи алкохол 0,74% по волумен ±0,3%
|
| Тежина |
1 л
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Пластично шише
|
| Начин на чување |
Да се чува на ладно место (под 25 ⁰С). После отворањето да се чува во ладилник
|
| Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
| Нутритивна вредност во |
100 мл
|
| Енергетска вредност |
25 kcal / 104 kJ
|
| Масти: |
0 гр
|
| од кои заситени: |
0 гр
|
| Јаглехидрати |
7 гр
|
| од кои шеќери |
7 гр
|
| Протеини: |
0 гр
|
| Влакна |
3 гр
|
| Сол |
0 гр
|