Комбуха со лимон и ѓумбир
Во кошничка имате 0 парчиња.
Комбуха е габа која потекнува од Јапонија, а од истата габа се прави и напитокот комбуха. Таа веќе стотици години се користи како лек на Далечниот Исток. Кога е одгледувана правилно таа ’рти и за време на процесот на ферментација создава комплексни реакции, при што произведува вредни супстанци. Оваа фабрика за витамини е богата со сите витамини од Б групата, таа содржи и различни видови ензими, а во неа ја има и глукуронската киселина којашто помага при работата на црниот дроб.
Комбухата во комбинација со ѓумбирот претставува голем извор на витамини, микронутриенти и есенцијални масла, кои ги ублажуваат воспалителните процеси во организмот. А, витаминот Ц во целата оваа комбинација пак помага во зајакнување на крвта и на имунитетот. Како една целина, напитокот претставува супервитамински коктел.
Дозирање: Една до две чаши на ден. Поради подобрен вкус, се служи претходно изладена.
| Наименување |
Комбуха со лимон и ѓумбир
|
| Состојки |
Комбуха култура, вода, зелен чај, ароматизиран чај од лимон и лимета (јаболко, шипка, слатка капина, регулатор на киселост: лимонска киселина, кора од лимон (5%), арома на лимон (4.5%), арома на лимета (4.5%), кора од лимета (0.5%)), ѓумбир (3%), шеќер. Не пастеризиран, сиров напиток.Напитокот има продолжена ферментација во шишето, што може да доведе до благо дуење на шишето и/или формирање на мали парчиња габа кои пред употреба може, но не мора да се процедат. Поради процесот на ферментација, комбухата природно содржи алкохол 0,74% по волумен ±0,3%
|
| Тежина |
1 л
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување: |
Пластика
|
| Начин на чување |
Да се чува на ладно место (под 25 ⁰С). После отворањето да се чува во ладилник
|
| Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
| Нутритивна вредност во |
100 мл
|
| Енергетска вредност |
25 kcal / 104 kJ
|
| Масти: |
0 гр
|
| од кои заситени: |
0 гр
|
| Јаглехидрати |
7 гр
|
| од кои шеќери |
7 гр
|
| Протеини: |
0 гр
|
| Влакна |
3 гр
|
| Сол |
0 гр
|