×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органски чоко напиток во прав

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 295 ден.

Честопати во денот знаеме да помислиме на нешто слатко, нешто што ќе ни ја заблажи душата, а воедно и ќе ни ја крене енергијата. Но, исто толку пати, колку што помислуваме на ова, толку пати и се откажуваме од нашата намера, пред сѐ во обид да ги избегнеме непотребните шеќери кои благите закуски ги содржат. Сепак, одвреме - навреме, добро е да се “почестиме” со нешто благо или во случајов да наздравиме со слаткиот органски чоко напиток во прав. Овој органски сертифициран производ, се состои од органски кокосов шеќер и органско какао во прав, а неговата подготовка подготовка е многу едноставна. Во шолја со топла вода или млеко, додаваме 1 - 2 големи лажици од правот, го промешуваме и веќе можеме да уживаме во него.

Употреба: Во шоља со топла вода или млеко се додаваат 1 - 2 големи лажици органски чоко напиток во прав. Се промешува и се пие топло.

Наименување Органски чоко напиток во прав
Состојки Органски кокосов шеќер, органско какао во прав
Тежина: 300 гр
Земја на потекло: Шри Ланка
Пакување: Конзерва
Начин на чување Ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 20 kcal / 83 kJ
Масти: 2 гр
од кои заситени: 0 гр
Јаглехидрати 81 гр
од кои шеќери 76 гр
Протеини 5 гр
Влакна 1 гр
Сол 0 гр
Одлично во комбинација со: