×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Домашен ајвар лут

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 150 ден.

Mezze ајвар е еден од најдобрите ајвари што ќе ги пробате. Во Домато останавме воодушевени од вкусот на вистински домашен ајвар и трудот кој тимот на Mezze го вложува секојдневно за да го зачува начинот на подготовка на специјалитетите на македонската традиција. 

Mezze ајвар има исклучително интересна приказна која сакаме да ви ја пренесеме: 

Сè почна кога помисливме: "Што ако направиме ајвар на начинот на којшто го прават нашите баби за семејството?" И не зборуваме за "рецептата на баба" како другите ајвари на пазарот. Знаеме дека сите се по рецептата на некоја баба или мајка :) Зборуваме за НАЧИНОТ или технички кажано процесот по којшто се прави ајварот дома.


Ова значеше:

-Дома ајварот се прави во мали количини што доведе до тоа да го реорганизираме индустрискиот начин на производство и да го пржиме ајварот во мали количини;
-Користење на зејтин и сол што се користи дома (не индустриски);
-Користење на исклучиво здрави пиперки и црн патлиџан;
-Допржување на ајварот (за да се добие природната густина);
-Користење на исклучиво печени пиперки;
-Ред други ситни "тајни" на домашното правење ајвар.

Направивме прва "тура" и....
Утка. Ајварот не личеше на ништо.
Направивме и втора тура. Пак ништо...
Направивме 33 "тури" ајвар за да дојдеме до вистинскиот мирис, вкус и густина.
Многу пати сакавме да се откажеме.
Но, драго ни е што не го сторивме тоа.
Бидејќи, кога го пробаа луѓето, знаевме дека дека конечно сме направиле навистина добар домашен ајвар. 

Наименување Ајвар лут
Земја на потекло: Македонија
Тежина: 300 гр
Пакување Стаклена тегла
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место
Рок на траење Втиснат на амбалажата
Енергетска вредност 259 kcal
Масти 20,55 гр
Јаглехидрати 15 г
Протеини 3,53 гр
Сол 1,93 гр

Слични производи