Зелениот чај Alce Nero (растение со потекло од Camellia Sinensis) е мешавина од избрани зелени чаеви со лесен, пријатно ароматичен вкус и златна боја. Органскиот зелен чај Alce Nero е префинет избор на зелен чај од плантажите во Индија кој ја зачувува целата арома и вкус типични за плантажата.
Камелија синенсис, растението од кое се добива чајот, е зимзелена грмушка, чија обработка започнува на крајот на третата година од животот со рачно берење на млади листови, кои ја сочинуваат најдобрата жетва. Зелените чаеви се познати и како „неферментирани чаеви“, бидејќи листовите не се подложени на ферментација, туку се третираат со млазници на пареа и се сушат со помош на струи на топол воздух. На овој начин ензимите кои предизвикуваат ферментација остануваат неактивни, нема оксидација на танинот, листовите ја задржуваат зелената боја.
Подготовка: За зелен чај се препорачува инфузија од 2 - 3 минути, но добро е да се знае дека теинот има корисни својства кои може да се дозираат со внимателна подготовка. Температурата на водата не треба да надминува 80 °C (затоа пожелно е да се остави да одмори неколку моменти по вриење и да не се истура директно на филтерот за чај).
Наименување
Орагнски зелен чај
Состојки:
Зелен чај
Тежина
35 гр
Земја на потекло:
Италија
Пакување
Картонска кутија
Начин на чување
Да се чува на ладно и суво место, подалеку од извори на влага и топлина
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Прочитај повеќе