×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Француска пита со кромид и инчуни (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 700 ден.

Инспирација од француската кујна, пита со тенко тесто и богат фил од кромид и путер со фин контраст на вкусот на инлуни и маслинки. 

Состојки:

За тесто:
1 шолја јогурт
2 шолји брашно
Пола мало лажиче прашок за печиво
Прстофат сол

За фил:
1 кг кромид, исечкан на месечинки
2 лажици путер
Пола мала лажичка од: мајчина душичка, нане, рузмарин - свеж или сув, по желба
1 лажица шеќер 

1 тегличе инчуни
20 цени маслинки

Подготвка:

Тесто:
Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото и замесете меко тесто. Покријте со крпа и оставете да стои додека да го направите филот.

Фил:

Во тенџере ставете го путерот и на него пржете го кромидот. Пржете 30 минути со постојано мешање, на средно ниска температура. Ставете 1 лажица шеќер и ставете ги зачините. Мешајте постојано. Додадете 1 шолја вода и оставете да се готви додека да испари течноста.

Обликување:
Тестото обликувајте го по ваша желба - коцка или тркалезно. Ставете го тестото во тавче обложено со хартија за печење. Ставете го филот врз тестото и распоредете убаво. Врз филот ставете ги инчуните во форма Х. Измеѓу, редете маслинки.

Печете во рерна загреана на 180 Целзиусови степени, 30 минути, односно адаптирајте според јачината на вашата рерна.

Оставете да се олади 10 минути и сервирајте.


Француска пита со кромид и инчуни (намирници) се состои од:

Наименување Намирници за подготовка на Француска пита со кромид и инчуни
Количина 2 - 3 дози

Слични производи