×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Артисан леб и путер

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 290 ден.

Артисан леб:

  • 500 грама брашно
  • 350 мл топла вода
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ќесичка сув квасец

Се занесува тесто од состојките кое треба да биде мекоо и лепливо. Се покрива со кујнска крпа и и се остава да нарасне 1 час. По 1 час, се превиткува како писмо и се остана 30 минути да нарасне. Се става во тава со капак и се пече покриено 25 минути на 220 Целзиусови степени. Потоа, се вади капакот и се пече дополнителни 20 до 25 минути на 200 Целзиусови степени. Оставате да се олади пред са го пресечете.

Артисан путер:

  • 400 мл млечна павлака со 35% масленост

Во фуд процесор се става павлаката и се остава да ја мати течноста околу 6 до 8 минути. Ако треба, направете пауза. На краје добиете течност која е матеница и тврда материја која е путер. Путерот измијте го низ млаз ладна вода неколку пати. Формирајте го во топка, ставете го во хартија за печење и оставете да се лади во фрижидер најмалку 30 минути. Потоа, мачкајте и уживајте.

Видео рецепт: https://www.instagram.com/p/Cb...

Артисан леб и путер се состои од:

Наименување Пакет намирници за подготовка на рецептот Артисан леб и путер
Количина 1-2 дози

Слични производи