Стевија рафинирана
Во кошничка имате 0 парчиња.
Доколку сакате да го замените или целосно исфрлите шеќерот од вашата исхрана, тогаш стевијата е одлична алтернатива за вас. Создадена како екстракт од билки таа е 25 пати послатка од рафинираниот шеќер, а супер е што и покрај овој податок во стевијата има нула калории. Екстрактот од стевија покрај во исхраната наоѓа примена и во медицината. Според некои првични студии, таа има влијание во намалување на крвниот притисок, а се препорачува и кај пациенти кои имаат нарушен метаболизам.
Во традиционалната медицина, се користи како природен мелем, кој има антиинфламаторно и антибактериско дејство. Таа важи за засладувач погоден за оние кои што сакаат да ја регулираат својата тежина. Можете да ја употребувате во утринското кафе, како дел од напитоци или десерти, а една кафена лажичка од рафинираната стевија заменува две кафени лажички кристален шеќер.
Земја на потекло |
Франција, Кина
|
Состојки |
Малтодекстрин, концентрирана рафинирана стевија во прав
|
Тежина: |
500 гр
|
Пакување: |
Кеса
|
Начин на чување |
Ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место
|
Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
Енергетска вредност |
1041 kJ / 249 kcal
|
Масти: |
0 гр
|
од кои заситени: |
0 гр
|
Јаглехидрати |
98 гр
|
од кои шеќери: |
0 гр
|
Протеини: |
0 гр
|
Сол |
0 гр
|
Влакна |
0 гр
|