×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Станушина

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 330 ден.

Во нашата земја постојат неколку автентични сорти грозје, но само една од нив вирее само на македонската почва. Погодивте, тоа е сортата Станушина, која е стара сорта на грозје и се наоѓа само во Тиквешкиот регион.  
Оваа сорта не може да се најде на ниедно друго место во светот, па затоа и ова вино на винаријата Јаковлевски претставува еден вид симбол за нашата земја. Ќе го препознаете по неговата розеникава боја, која потсеќа на лосос, а ќе го почувствувате преку неговата пролетна арома на овошки од кои најистакнати се јагодите и малините.  
 
Станушина се служи идеално на температура од 8 до 10 степени и совршено се спарува со бели и жолти сирења, зелени салати, сармички и полнети пиперки. 

Наименување Розе вино
Состојки Грозје, станушина
Тежина 750 мл
Земја на потекло: Македонија
Пакување Стаклено шише со тапа
Регион Тиквешко виногорје, Љубаш
Година на производство 2020
Алкохол (%) 12%

Слични производи