Беби рукола
Во кошничка имате 0 парчиња.
Некој ќе ја погледне и ќе си помисли, што има хранливо во ова парче „трева“. Но, иако навидум личи така, всушност во беби руколата има голем број на хранливи состојки, но што е уште поважно таа благотворно влијае на вашето здравје, на дигестивниот тракт и претставува еден „чистач“ на црниот дроб.
Руколата се вбројува во групата круциферозни зеленчуци, како што се брокулите, карфиолот, кељот, зелката и многу други. Па така, како и овие зеленчуци и руколата е храна со висока нутритивна вредност, а низок број на калории.
Таа се карактеризира со специфичен вкус, и најчесто се користи како состојка во салати, се става во супи, тестенини и многу други рецепти. Но, не секој го сака нејзиниот вкус, па затоа ако сте некој од тие, тогаш можете да ја консумирате како дел од зелените смути пијалаци.
Наименување |
Беби рукола подготвена за консумација
|
Тежина: |
100 гр
|
Состојки |
Рукола
|
Земја на потекло: |
Македонија
|
Пакување |
Пластична кеса
|
Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на темература до 5 °C
|
Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
Одлично во комбинација со: