×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органски магдонос

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 131 ден.

Магдоносот е билка која е незаменлив дел од македонската трпеза, а тоа е така бидејќи изобилува со позитивни бенефити за здравјето на луѓето. Овој магдонос е органски и е одгледуван природно, без вештачки ѓубрива и дополнителни супстанции. Потврда за квалитетот е и органскиот сертификат со кој располага.

Инаку магдоносот важи како силен антиоксидант, кој ги неутрализира сите негативни процеси кои што се случуваат во организмот. По боја е темно зелен, со примамлив вкус, препознатлив за медитеранската кујна. Листовите од магдонос, најдобро е да се консумираат свежи, како додаток во салатите и јадењата, бидејќи единствено во таа форма тие ги задржуваат сите здрави и лековити состојки. За љубителите на лук пак, им го препорачуваме магдоносот да го џвакаат свеж, бидејќи така може брзо да го неутрализираат непријатниот мирис кој го создава здравиот лук.

Употреба: Како природен зачин за јадења, се додава во ориз, варива, супи и сл. Се дозира по вкус.

Наименување: Органски магдонос
Тежина: 10 гр
Состојки: 100% органски магдонос сув
Земја на потекло: Германија
Пакување: Пластична мелница
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Одлично во комбинација со:

Слични производи