Мини тоскански багет
Во кошничка имате 0 парчиња.
Мини тосканскиот багет, претставува микс од најдобрите работи во една мала и привлечна димензија. Ова мало ромбоидно задоволство е создадено од пченично и ржано брашно, со додаден јачмен. Оваа комбинација на брашна и состојки го прави здрав и погоден за консумација, при што со неговото внесување, автоматски внесувате и голем број на хранливи состојки и состојки здрави за вашиот организам.
Покрај тоа што е направен од различни видови на брашна, мини тосканскиот багет се одликува со внатрешност исполнета со семиња, меѓу кои најзастапени се сончогледот и ленот. Неговата надворешност е привлечно крцкава, благодарение на миксот на различни семиња кои ги содржи. Со мини тосканскиот багет всушност ќе го вкусите целиот медитеран во еден залак.
| Наименување |
Мини тоскански багет
|
| Состојки |
ПЧЕНИЧНО брашно, вода, ‘РЖАНО брашно, ленено семе, ПЧЕНИЧНИ ‘ркулци, сончоглед, СУСАМ, печени ЈАЧМЕН и ‘РЖ, шеќер, ‘РЖАНО брашно, сол, квасец
|
| Тежина: |
80 гр
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Хартиена кеса
|
| Алергени |
Може да содржи траги од јајца, млеко и јаткасти плодови
|