Органски лешник печен несолен
Во кошничка имате 0 гр.
Вкусот на органскиот лешник од Трантал Фарм е специфичен и лесно препознатлив, а тоа е така поради поднебјето во кое е растен. Овие насади од лешник се наоѓаат во подножјето на планината Галичица.
Тоа што е карактеристично за нив е што самиот плод на лешникот се разликува од другите производители, бидејќи оваа фарма за лешници користи сопствени автохтони сорти, кои му даваат единствен и уникатен вкус.
Производството на лешници на Трантал Фарм е усовршувано со години, има точен и конзистентен вкус, поради кој има и долгогодишни, редовни потрошувачи.
Лешникот важи за чувар на имунитетот. Тој е силен антиоскидант и со секојдневно консумирање вие го намалувате ризикот од срцеви болести. Ако се прашувате како да ги комобинирате, треба да знаете дека тие се одлична замена и алтернатива за вашата ужинка, но можете да ги јадете со различни сирења и мед, во салата од моркови и лимонова кора како додаток на пилешко месо и секако со лешниците можете потполно или делимично да го замените брашното во колачите.
Наименување |
Органски лешник печен несолен
|
Количина |
цена на кг
|
Состојки |
Органски лешник
|
Земја на потекло: |
Македонија
|
Пакување |
Пластична кантичка
|
Начин на чување |
Да се чува на суво и ладно млеко
|
Рок на траење |
Испечатен на амбалажата
|
Органски сертификат |
Балкан Биосерт 0318/МК
|