×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Gemma Nera Gold - Балсамико оцет од Модена И.Г.П

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 1,108 ден.

Врвот на производството во однос на густината, Балсамико оцетот од Модена IGP Gemma Nera Toschi се карактеризира со полно тело и слатко-горчлив, заоблен и кадифен вкус.
Gemma Nera е создадена со соединување на едноставни природни состојки како што се ширата и винскиот оцет, без додавање карамела. Како резултат се добива додаток, односно состојка, која претставува едно вистинско сетилно искуство.
Карактеристичниот и препознатлив мирис и темната боја со интензивен сјај го придружуваат целосниот и постојаниот вкус кој се чувствува на непцето. Балсамико оцетот Gemma Nera Toschi има разновиден карактер: совршен во салата, на месо и на риба, на пржена храна, на пармезан, на јагоди и сладолед. За иновативно кулинарско искуство, пробајте го Балсамико оцетот од Модена IGP Gemma Nera Toschi во комбинација со суши и темпура.

Наименување Балсамико оцет од Модена И.Г.П.
Земја на потекло: Италија
Тежина: 250 мл
Пакување: Стаклено шише
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 15 мл
Енергетска вредност 0 гр
Масти: 0 гр
Холестерол 0 гр
Јаглехидрати 10 гр
Шеќер 9 гр
Протеини: 0 гр
Влакна 0 гр
Натриум 0 гр

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се